Top Sport

Се подготвуваат за Катар – Бразилците лажат дека се повредени

До почетокот на Светското првенство во Катар остануваат уште точно 15 дена. Бразилците првиот натпревар на Мундијалот ќе го одиграат на 24. ноември против Србија.

Токму од оваа земја доаѓа најновиот фудбалски скандал. Главен актер е напаѓачот на Фламенго, Габриел Барбоса. Популарниот Габигол очекуваше да се најде на спискот на селекторот за настап на СП, објави со како валкани трикови се послужил селекторот на националниот тим.

„Тите побара од играчите да лажираат повреди за да не играат за клубовите во наредниот период. Габигол го прашал Тите каква повреда треба да одглуми. Тој потоа му рекол дека нема потреба да лажира ништо бидејќи нема да го земе на Светското првенство“, пишуваат бразилските медиуми.

Да потсетиме, Ришарлисон и Лукас Пакета, беа повредени, не играа за своите клубови, но се очекува да бидат подготвени за Мундијалот.

Scroll to Top