Селекторот на шпанската репрезентација утре ќе го објави поширокиот список на репрезентативци за претстојниот Мундијал во Катар. На спискот ќе биде и поранешниот капитен Серхио Рамос, пренесуваат медиумите во Шпанија.
На поширокиот списокот Луис Енрике може да пријави најмногу 55 фудбалери. Конечниот список од 26 играчи, селекторот на Шпанија ќе мора да го објави најдоцна до 9.ноември.
Светското првенство во Катар ќе започне на 20.ноември.
Рамос беше дел од репрезентацијата во 2010 година, кога Шпанците ја освоија светската титула во Јужна Африка, а со него во составот „црвената фурија“ двапати ја покори Европа во 2008 и 2012 година.
Искусниот Рамос има одиграно 180 натпревари за репрезентацијата.