Top Sport

Скандал со дресовите на Камерун – ФИФА им се закани со суспензија

На само две недели до почетокот на Мундијалот, фудбалската репрезентација на Камерун се соочува со сериозен проблем. Главен виновник е првиот човек на Сојузот, Самуел Ето.

Камерун се пласираше на Светското првенство во опрема на францускиот производител „Le Coq Sportif“, а потоа во септември, Ето од некакви свои причини реши еднострано да го раскине договорот. Камерунците со овој производител имаа договор до 2023 година.

Ето реши репрезентацијата во иднина да ја носи опремата на релативно непознатиот американски бренд „ One All Sport“.

Французите веднаш реагираа со тужба, а потоа и на ФИФА и двете инстанци пресудија во корист на „Le Coq Sportif“Французите.

Сепак, Ето нема намера да се откаже, а тоа го докажува и фактот дека во продажба се пуштени трите комплети дресови на американскиот производител.

Судот наложи Камерун да игра во дресовите на претходниот производител до 31. декември 2023 година. Дали Камерун ќе ја почитува оваа одлука ќе дознаеме во среда, кога ќе играат пријателски натпревар со Јамајка.

ФИФА најави строги казни доколку Камерунците не ја послушаат нивната наредба, но не е познато што точно планираат да направат доколку Камерун ја игнорира пресудата.

Камерун и во минатото бил казнуван поради дресовите. ФИФА ги казни пред Мундијалот во 2002 година, кога им забрани да ги носат дресовите кои беа хит кај навивачите. Тие дресови според дизајнот беа повеќе за одбојка отколку за фудбал.

 

Scroll to Top