Фудбалерот на Тотенхем, Хјон мин Сон, успешно беше опериран поради фрактура на коската под левото око. Најдобриот јужнокорејски фудбалер се повреди против Марсеј, во Лигата на шампионите.
Претставник на Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја рече дека сè уште е рано да се донесе одлука дали ќе игра на Светското првенство во Катар.
„Тотенхем не информираше дека Сон е успешно опериран. Сепак, во овој момент се уште е рано да се разговара за неговиот статус за Светското првенство. Медицинскиот персонал на националниот тим е во контакт со лекарите на клубот”, изјави претставник на Сојузот.
Досега, Сон има постигнато 35 гола на 104 настапи за Јужна Кореја.
Јужна Кореја го отвора Светското првенство на 24. ноември со мечот против Уругвај, а во групата Х се и Португалија и Гана.