Top Sport

Топ стрелци на СП: Од Гиљермо Стабиле до Хари Кејн

Низ историјата на светските првенства 29 фудбалери можат да се пофалат со титулата најдобар стрелец, на завршните турнири.

„Златната копачка“ најмногу пати ја освојувале Бразилците. Пет пати меѓу најдобрите стрелци на светските првенства имало бразилски репрезентативец, следуваат Гермнаците со три.

Најмногу голови на едно светско првенство постигнал легендарниот француски фудбалер Жист Фонтен. На СП во 1958 година тој успеал да постигне 13 гола на шест натпревари.

Најмногу голови, на еден мундијалски натпревар, постигнал рускиот репрезентативец Олег Саленко. На 28.јуни 1994 година, на СП во САД, Русија го победи Камерун со 6:1, а Саленко на тој натпревар постигна пет гола.

Најдобар стрелец на светските првенства е Германецот Мирослав Клосе. Овој напаѓач со Германија учествувал на четири мундијали (2002, 2006, 2010, 2014) и во кариерата постигнал 16 гола.

Најдобри стрелци на светските првенства:

1930 – Гиљермо Стабиле (Аргентина), 8
1934 – Олдич Неједли (Чехословачка), 5
1938 – Леонидас (Бразил), 8
1950 – Адемир (Бразил), 8
1954 – Шандор Кочиш (Унгарија), 11
1962 – Дражен Јерковиќ (Југославија), Гаринча (Бразил), Флоријан Алберт (Унгарија), Валентин Иванов (СССР), Леонел Санчез (Чиле), Вава (Бразил), 4
1966 – Еузебио (Португалија), 9
1970 – Герд Милер (Германија), 10
1974 – Гжегож Лато (Полска), 7
1978 – Марио Кемпес (Аргентина), 6
1982 – Паоло Роси (Италија), 6
1986 – Гери Линекер (Англија), 6
1990 – Салваторе Тото Скилачи (Италија), 6
1994 – Олег Саленко (Русија), Христо Стоичков (Бугарија), 6
1998 – Давор Шукер (Хрватска), 6
2002 – Роналдо (Бразил), 8
2006 – Мирослав Клосе (Германија), 5
2010 – Диего Форлан (Уругвај), Томас Милер (Германија), Весли Снајдер (Холандија), Давид Виља (Шпанија), 5
2014 – Хамес Родригез (Колумбија), 6
2018 – Хари Кејн (Англија), 6

Scroll to Top