Top Sport

Украина побара ФИФА да го исфрли Иран од СП

Извршниот комитет на Фудбалската федерација на Украина официјално побара од ФИФА да го исфрли Иран од Светското првенство во Катар, пренесува „Скај Спортс“. Претходните денови имаше повици од Украина Иран да биде исклучен од Мундијалот поради политичката ситуација во таа земја, како и за поддршката што и ја дава на Русија во војната во Украина. Се поставува прашањето како ФИФА ќе реагира на таквите поплаки и како тие ќе се однесуваат по ова прашање, бидејќи турнирот започнува на 20.ноември.

Претходно директорот на Шахтјор Доњецк, Сергеј Палкин, ги нападна Иранците и се обрати до ФИФА затоа што „имаа директно учество во терористичките напади на Украина“ (ирански беспилотни летала користи Русија). Единствената разлика е што овој пат ФС на Украина не побара да го заменат Иран, како што тоа го направи директорот на Шахтјор.

Ако ФИФА му забрани на Иран да учествува на СП, Украина тешко дека ќе биде нивна замена. Во тој случај ФИФА би видела дека репрезентативниот тим од Азија ќе добие предност, па Обединетите Арапски Емирати би биле најблиску до нивното место во Катар.

Иран, во Катар е во Б групата заедно со САД, Англија и Велс.

Scroll to Top