Top Sport

Винисиус: Франција е прв фаворит, но Бразил нека го освои СП

Фудбалерот на Реал и бразилски репрезентативец Винисиус Жуниор изјави дека Франција е прв фаворит на Светското првенство во Катар. Франција во Катар ќе ја брани титулата освоена пред четири години во Русија.

„Ова ќе биде посебно Светско првенство за мене и за сите оние кои се надеваат дека Бразил ќе постигне добар резултат. По долго време имаме силен тим“, изјави Винисиус, а потоа продолжи:

„Најдобрата репрезентација е секогаш онаа што го освоила последното Светско првенство. Мислам дека Франција е најдобра во моментов, но тоа лесно може да се промени на СП. Многу репрезентации имаат добри шанси да го освојат Светското првенство, а меѓу нив се Аргентина, Бразил, Англија, Германија… Сите ќе бидат добри, но нека победи Бразил“.

Светското првенство во фудбал се одржува во Катар од 20. ноември до 18. декември. Бразил е во групата Г со Швајцарија, Србија и Камерун.

Scroll to Top