За прв пат во историјата на светските првенства во фудбал, машките натпревари на Светското првенство во Катар ќе ги судат жени.
Јамашита Јошими, Салима Мукансанга и Стефани Фрапарте се меѓу 36. главни судии избрани за првенството кое започнува на 20. ноември.
Congratulations to:
Yamashita Yoshimi 🇯🇵
Stephanie Frappart 🇫🇷
Salima Mukansanga 🇷🇼The first three female referees to be selected for a men's FIFA World Cup 👏 pic.twitter.com/tnCS3zImSd
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) May 19, 2022
Ним ќе им се придружат и Неуза Бек од Бразил, Мексиканката Карен Дијаз Медина и Американката Кетрин Несбит, кои ќе бидат помошни судии на Светското првенство во Катар.
Јамашита Јомиши
Јапонката, Јамашита Јомиши, во Катар уште еднаш ќе го запише своето име во фудбалската историја. Имено, таа е првата жена која судела натпревари во азиската Лига на шампиони и јапонската Џеј-лига.
„На Блискиот исток речиси и да нема жени судии, па би сакала да ја видам таа промена, Светското првенство во Катар да биде катализатор“, рече таа.
„Фактот што жените првпат судат на Светското првенство за мажи е знак за другите луѓе дека женскиот потенцијал секогаш расте и тоа е нешто што исто така силно го чувствувам“, додаде Јомиши.
Салима Мукансанга
Девојката од Руанда го носи знакот на ФИФА од 2012 година, а пред фудбалот сакала да тренира кошарка.
„Ја сакав кошарката и сакав да ја сфатам многу сериозно. Но, пристапот до кошаркарската инфраструктура беше тежок, па завршив како судија, за што исто така никогаш не зажалив“, рече таа.
Стефани Фрапар
Французинката, Стефани Фрапар е првата жена која судела натпревар од Лигата на шампионите на УЕФА.
На списокот на меѓународни судии е од 2009 година.
„Тоа е силна порака од ФИФА и властите жени да судат на СП во оваа земја“, рече таа, додавајќи дека се надева дека одлуката може да ги „промени работите“.
Неуза Бек
Бразилката Неуза Бек е судија со знакот на ФИФА од 2014 година. Таа спаѓа меѓу најискусните судии во бразилскиот фудбал.
„Јасно нагласуваме дека ни е важен квалитетот, а не полот. Се надевам дека во иднина ќе биде нешто сосема нормално, кога жени ќе бидат избирани за елитни судии, за важни машки натпреварувања. Тие заслужуваат да бидат на СП бидејќи постојано се на високо ниво, а тоа е важен фактор за нас“, изјави Неуза Бек.