Првите луѓе на Пари Сен-Жермен, наводно добиле наредба од газдит од Катар да обезбедат продолжување на договорот со Лионел Меси „со сите можни средства“, тврди шпанскиот „Мундо депортиво“.
Договорот на аргентинската мега-ѕвезда со ПСЖ завршува на крајот на сезоната, зголемувајќи ги шпекулациите дека е подготвен да замине, со американската МЛС лига, Барселона и Интер како потенцијални следни дестинации. Според „Мундо депортиво“, Катар спортс инвестментс (QSI), компанијата која го води клубот, од катарските власти добила „наредба“ да се осигура продолжување на договорот.
„Од Доха, престолнината на Катар, каде што живеат тие кои навистина го контролираат ПСЖ, дојде наредба до Насер Ал-Хелаифи, претседателот на клубот, да го осигура потписот на Меси по било која цена“, коментира „МД“.