Top Sport

Катарците сигурни дека го добиле Манчестер јунајтед

Катарските инвеститори се сигурни дека веќе ја добиле „трката“ за Манчестер јунајтед и очекуваат да станат нови газди на клубот за помалку од два месеци, јавуваат британските медиуми пред утрешниот краен рок за доставување на понуди за откуп на славниот англиски клуб.

Според „Дејли мејл“, во Катар постои оптимизам дека имаат убедливо најдобра понуда за клубот и дека купопродажбата ќе се случи до крајот на март, иако многумина сметаа дека официјално нема да има продажба до крајот на сезоната. Тие имаат конкуренција во најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф, единствениот кој официјално потврди дека ќе даде понуда, како и инвеститори од САД и Блискиот Исток. Саудиска групација наводно потпишала пред-договор со газдите на Јунајтед добивајќи пристап кон финансиските детали во клубот.

Сега, американската компанија „Рејн групација“ ќе треба да ги разгледа сите опции, да ги издвои сериозните и да даде совет на семејството Глејзер која понуда е најприфатлива.

Scroll to Top