Top Sport

Прекрасно „тифо“ на навивачите на Трабзонспор за спасителите во Турција

Трабзонспор стигна до победа од 1:0 над швајцарскиот Базел во првиот меч од баражот во Конференциската лига Европа, но многу поинтересен од мечот беше кореографијата на навивачите на турскиот клуб која ја направија во чест на спасителите кои работат за помош на настраданите од трагичниот катастрофален земјотрес на југот на земјата.

На „тифото“ беше прикажан еден од спасувачите кои работат со дете во рацете. Денеска сите мечеви од Лига Европа и Конференциската лига почнуваат со минута молк за погодените од земјотресот.

Scroll to Top