Top Sport

Катарците со „подобрена“ втора понуда за Манчестер јунајтед

Катарскиот шеик Џасим Бин Хамад Ал-Тани ќе даде втора, обновена и зголемена понуда за Манчестер јунајтед, по 10-часовните позитивни разговори со клубот, и најверојатно ќе ја добие битката со Сер Џим Ретклиф за „ѓаволите“, тврди „Дејли мејл“.

Шеикот Јасим имал позитивни преговори со клубот во четвртокот, како втор дел од процесот за продажбата на клубот, а денеска на „Олд Трафорд“ беше и најбогатиот Британец Ретклиф. Клубот ги покани заинтересираните странки за да ги разгледаат финансиските детали на клубот, шансите за раст и плановите за обнова на стадионот на тренинг-центарот.

Банкарот Ал-Тани, кој е син на поранешниот премиер на Катар, стана фаворит за купување на клубот, тврди „Гардијан“, најмногу поради потенцијалните бизнис-можности кои се отвараат за семејството Глејзер како дел од зделката.

Scroll to Top