Top Sport

Ван Дајк: На Ливерпул му требаат нови засилувања ако сака да биде конкурентен за врвот

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, побара од раководството на клубот да донесе нови засилувања во текот на летото доколку сакаат тимот да биде конкурентен следната сезона.

„Треба да ангажираме нови играчи ако сакаме да останеме на исто ниво како последните пет години. Очигледно некои играчи ќе си заминат. Ако сакаме да бидеме на највисоко ниво, тогаш ни требаат и многу квалитетни замени“, изјави Ван Дајк.

Ливерпул во моментов се наоѓа на шестото место во Премиерлигата оваа сезона со 42 бода од 26 одиграни натпревари и се бори за пласман во Лигата на шампионите. „Црвените“ патот во ЛШ го завршија во осминафиналето.

Scroll to Top