Top Sport

„Катарскиот шеик на Меси му го украде најголемиот момент во кариерата“

Шеикот на Катар и газдата на ПСЖ, Тамим бин Хамад Ал Тани, синоќа на Лионел Меси му го украде најзначајниот момент во кариерата. Во моментот кога Меси од првиот човек на ФУФА, Џани Инфантино требаше да го прими шампионскиот трофеј, на сцена стапи Ал Тани.

Шеикот го завитка капитенот на новите светски шапиони во мистериозна црна наметка.
Подоцна се дозна дека се работи за бишт, традиционална наметка што ја носат богатите граѓани на Катар преку облеката во посебни, свечени пригоди.

Овој потег на катарскиот владетел наиде на бројни критики на социјалните мрежи и медиумските коментатори. Сите истакнуваат дека тоа што го направил било наметливо и дека било очигледно дека на Меси му било непријатно да биде облечен во она што не сакал да го носи. Еден од оние на кои тоа воопшто не им се допадна е Бастијан Швајнштајгер.

„Со тој потег владетелот на Катар му го одзеде на Меси најголемиот момент во кариерата. Очигледно е дека тоа не му се допадна на Меси, и мене не ми се допадна. Ако сакаа да ги почитуваат локалните обичаи, можеа да го направат тоа подоцна, во соблекувалната. Сè на сè, многу неуспешен настап“, рече Швајнштајгер, кој за СП беше ангажиран како стручен коментатор на телевизијата АРД.

Scroll to Top