Катарските медиуми тврдат дека во следните неколку часа, шеикот Џасим Бин Хамад Ал-Тани ќе биде потврден како нов сопственик на Манчестер јунајтед, ставајќи крај на сагата околу продажбата на еден од најпознатите фудбалски клубови на светот.
Катарскиот милијардер е во трка со Сер Џим Ретклиф за сопственост на Јунајтед откако во ноември американското семејство Глејзер го постави клубот на пазарот. Навивачите, но и тие кои се заинтересирани за клубот, беа исфрустрирани од одложувањето на Глејзери и според катарскиот „Ал раја“, процесот ќе биде комплетиран во наредните часови, откако во американското семејство се договориле околу тоа дали целосно да го продадат клубот.