Top Sport

Кавани: Ако ме казнат мене, тогаш тој судија треба да оди во затвор!

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани вели дека ако добие казна од ФИФА за удирањето на ВАР-мониторот на Светското првенство во Катар, тогаш судијата Даниел Зиберт треба да заврши во затвор.

Уругвај беше елиминиран во групната фаза на СП, иако ја победија Гана во последниот меч, четирите поени не беа доволни за пласман, откако Јужна Кореја имаше подобра гол-разлика. По мечот, Кавани, како и повеќето уругвајски фудбалери имаа забелешки на судењето, и тој го удри ВАР-мониторот при заминувањето од теренот. ФИФА почна дисциплинска постапка против него и уште четири уругвајски фудбалери.

„Ако ме казнат што го удрив ВАР, тогаш судијата треба да заврши во затвор. Имаше грешки кои со цел ВАР систем и сите камери не треба да ги направи ниту еден судија. Вистина е дека треба добро да се однесуваме, но ние сме обични луѓе и многу работи кои се случуваат на теренот те вадат од такт поради страста и работата која си ја посветил. Такви постапки треба да се простат“, вели Кавани.

ФИФА ќе му ја заврши кариерата на Единсон Кавани?

Кавани го „нокаутираше“ ВАР системот

Scroll to Top