Единсон Кавани по седум години би можел да се врати во Серија А. Интер покажува сериозен интерес за напаѓачот чии договор со ПСЖ истекува наредниот месец.
Уругваецот во јануари беше блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, не беше реализиран но тогаш двет страни изјавија дека тој во летниот преоден рок ќе пристигне во Мадрид.
Сепак Кавани има поинакви планови. Можно е да се врати во Серија или пак да остане во Париз.
За Интер е привлечен бидејќи клубот не треба да плати обесштетување, но проблем може да биде неговата плата. Кавани барал годишна плата од осум милиони евра.
Кавани во минатото настапуваше во Серија А, во Палермо и Наполи