Top Sport

Кавани не игра за ПСЖ, Манчестер јунајтед го „крадат“ во последен час

Единсон Кавани не е во составот на Пари Сен-Жермен за мечот со Лил денеска, најавувајќи дека Уругваецот конечно ќе замине од „Паркот на принцовите“, а Манчестер јунајтед се појави како доцен фаворит за неговиот потпис иако Челси и Атлетико Мадрид беа ззаинтересирани.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел признава дека се решил на оваа одлука поради многубројните шпекулации околу напаѓачот.

„Еди тренираше со нас последните неколку денови, но ситуацијата не е јасна ниту за него. Затоа тој нема да биде во тимот“, вели Германецот.

Договорот на 32-годишниот Кавани со ПСЖ завршува на крајот на сезоната, а тој самиот даде барање за трансфер.

Scroll to Top