Top Sport

Федерер пресилен за Фучович, блиску сме до полуфинале со Ѓоковиќ

Роџер Федерер повторно е во четврт-финалето на Австралија опен, откако во доцниот меч во Мелбурн се врати од сет негатива за 4:6/6:1/6:2/6:2 победа над Унгарецот Мартон Фучович, за да обезбеди пресметка со Американецот Тенис Сандгрен за место во полуфиналето.

По маратонската победа над Милман, Федерер започна споро и го загуби првиот сет со еден брејк, но потоа ја покажа класата и не му даде никаква шанса за да се пласира во своето 15. четврт-финале на терените на Мелбурн Парк.

Со ова сме на чекор од голема пресметка во полуфиналето на турнирот, бидејќи ако Федерер го совлада Сандгрен, а Новак Ѓоковиќ биде подобар од Канаѓанецот Милош Раонич во второто четврт-финале, тогаш ќе има нова епска пресметка меѓу двајцата гиганти на светскиот тенис.

Scroll to Top