Манчестер Јунајтед имаат проблем со хроничната неефикасност иако во тимот ги имаат талентираните напаѓачи Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал. Проблемите во нападот во јануари треба да ги реши искусниот Марио Манџукиќ, а напаѓач од светска класа би требало да пристигне на „Олд Трафорд“ наредното лето.
Англиските медиуми ја лансираа приказната дека Единсон Кавани од наредното лето ќе го предводи нападот на „црвените ѓаволи“. Уругваецот има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и нема намера да го продолжи што значи дека во јуни наредната година тој ќе биде слободен играч.
Поради тоа се очекува тој да се пресели во Манчестер.