Единсон Кавани во последните часови од преодниот рок се пресели во Манчестер Јунајтед. 33 годишниот напаѓач на „Олд Трафорд“ ќе заработува 200.000 фунти неделно. Кавани за Манчестер Јунајтед ќе дебитира во Лигата на шампините и тоа против својот доскорешен клуб ПСЖ.
„Квани мора да биде во изолација две недели според правилата што ги пропиша владата на Велика Британија. Карантинот му истекува на 18 октомври што значи дека нема да може да игра ден претходно против Њукасл. Кавани, доколку биде физички подоготвен, ќе игра против ПСЖ“, соопшти Манчестер Јунајтед.
Уругваецот во Манчестер пристигна на 4 октомври од Франција. Тренирал дома, а последниот официјален натпревар го одиграл на 11 март.
Во текот на летото бил заразен со коронавирусот.