Легендарниот Јапонец, 55-годишниот Казијошу Мијура, има нов клуб. Играчот кој низ целата кариера го носи бројот 11, потпиша договор со Сузука Поинт Гетерс, клуб од четвртата јапонска лига, на 11.јануари во 11.11 часот.
Мијура, во февруари ќе наполни 55 години. Негова желба е да биде активен фудбалер до 60.година. Во Сузика тренер ќе му биде неговиот брат Јосутоши.
Во долгата кариера, Мијура играл во Динамо Загреб и за клубови од Јапонија, Италија, Бразил, Австралија.
За јапонската репрезентација одиграл 89 натпревари, постигнал 55 голови.