Казахстан успеа да стигне до фантастична 3:2 победа над Данска во второто коло во квалификациите за ЕУРО 2024, откако претходно младиот напаѓач на Аталанта, Расмус Хојлунд им донесе 2:0 водство на гостите во првото полувреме.
20-годишниот Хојлунд, кој во првото коло и во неговиот прв старт за Данска постигна хет-трик за 3:0 победа над Финска, беше прва ѕвезда на гостите. Во 21. минута, по одличната асистенција на Симон Кјер, тој го постигна првиот гол, за во 36. минута да го удвои водството на гостите.
Кога изгледаше дека Данците ќе си заминат со три поени од Астана, во 73. минута беше досуден пенал за Казахстан, кој Бахтијор Зајнутдинов сигурно го реализираше. Во 86. минута, капитенот Ашкат Тагиберген постигна фантастичен гол од далечина, за веќе во 89. минута, Абат Ајмбетов ја запечати победата на Казахстан.
Tagybergen’in harika golü pic.twitter.com/YSpZZRFdYH
— Akif (@journalkif) March 26, 2023