Top Sport

Каземиро ќе добие нов договор

Еден од најважните играчи на Реал Мадрид Каземиро наскоро ќе потпише нов договор со клубот.

Бразилецот кој кариерата ја започнал во Сао Паоло е играч на Реал од 2013 година. Една сезона мина во Порто на позајмица, а во Мадрид го врати Рафа Бенитез кога беше промовиран во тренер на „кралскиот клуб“.

28 годишникот учествуваше во освојувањето на сите титули на Реал во изминатите години и важи за еден од фудбалерите кој има најголема доверба кај тренерот Зидан.

Реал решиле да му понудат нов договор откако во медиумите се појави шпекулација дека ПСЖ биле подготтени да издвојат голема сума на пари за неговите услуги.

Scroll to Top