Top Sport

Навивачите од „дивиот“ натпревар повикани на тестирање (Видео)

Властите на францускиот град Стразбур повикале неколку стотици луѓе кои присуствуваа на „дивиот“ фудбалски натпревар на локалните клубови да се тестираат на коронавирусот.

Регионот на Стразбур, во источниот дел на Франција подрачја кое е сериозно е погодено со заразата.

„По секоја цена треба да избегнеме Стразбур да стане ново жариште. Мораме да ги заштитиме учесниците и нивните наблиски“, изјави претседателката на префектурата на тој регион Жозијан Шевалије.

Таа дополнила дека приоритет е здравјето на луѓето и дека не станува збор за никаква стапица кон луѓето кои присуствувале на натпреварот. Шевачлије оценила дека тој настан бил „неодговорен, неразбирлив и алармантен.

На неодамна одржаниот натпревар на локалните клубови Нухоф и Аутпјер биле присутни околу 500 луѓе кои не држеле социјална дистанца.

Правосудните власти навеле дека никој нема да биде уапсен, но дека се води истрага за да се утврди кој го организирал натпреварот.

Во овој регион од коронавирусот починале 620 лица, а 575 заразени лежат во болниците.

Scroll to Top