Top Sport

Се јави и судијата Оливер: Добивав поддршка од секаде

Англискиот судија Мајкл Оливер овој месец стана неочекувана „ѕвезда“ по судењето на драматичниот дуел од четврт-финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал и Јувентус, и проговори првпат по мечот по кој добиваше закани.

Оливер во 93. минута од тој меч реши да досуди пенал за Реал Мадрид во моменти кога Јувентус водеше со 3:0 и имаше обезбедено барем продолжение на мечот. По ова дојде до мешаница во која тој беше турнат од Џанлуиџи Буфон, кој доби црвен картон и потоа изјави дека англискиот судија има „канта за ѓубре“ наместо срце поради реакцијата.

Иако неговите постапки го поделија фудбалскиот свет и навивачите, тој вели дека покрај заканите за него и неговото семејство добивал и убави пораки.

„Тие неколку дена беа чудни, но беше убаво што толку многу луѓе, од фудбалот и надвор од него ми пружија поддршка. Доаѓаа до мене на улица и ми кажуваа дека сум во право, додека многу фудбалски имиња ми пратија пораки на поддршка“, вели Оливер во интервју за Фудбалската асоцијација.

Покрај тоа, ФА реши да застане зад својот судија со тоа што му го додели и судењето на финалето на ФА купот меѓу Челси и Манчестер јунајтед.

„Тоа беше посебна чест за мене, бидејќи кога почнував со кариерата не мислев дека ќе дојдам до тука. Ваква шанса се добива еднаш во кариерата. Еден од првите натпревари кои ги гледав беше финалето на ФА купот меѓу Манчестер јунајтед и Челси во 1994 година, а сега 24 години подоцна јас ќе бидам одговорен за однесувањето“, додава Оливер.

Буфон: Оливер има канта за отпад наместо срце

Легендарниот Колина пресуди: Беше пенал за Реал (Видео)

Scroll to Top