Најстариот активен професионален фудбалер, Казујоши Миура го продолжи својот договор со португалскиот второлигаш Оливеиренсе, со што сигурно ќе биде активен фудбалер барем до својата 57. година.
Оливеиренсе потврдија дека „Кралот казу“ ќе продолжи уште една сезона со нив, откако пристигна во јануари на позајмица од јапонскиот Јокохама ФЦ. На крајот на минатата сезона, Миура потврди дека има желба да биде активен до својата 60-та година
„Миура Казу продолжува со УД Оливеиренсе! Казујоши Миура ти благодариме за поддршката оваа сезона“, напишаа од португалскиот клуб.
🇵🇹 Miura Kazu continua na UD Oliveirense 🔥
🇯🇵 三浦知良選手、今シーズンも宜しくお願いします!🔥#UDOliveirenseNossa #NossaUnião #NossaPaixão pic.twitter.com/R3gJvlBARz
— UD Oliveirense Futebol SAD (@oliveirense_sad) July 11, 2023