Селекторот на Иран, Карлос Кеирош, порачал дека неговиот сонародник Кристијано Роналдо морал да добие црвен картон поради удирање на противнички фудбалер, критикувајќи ја ФИФА и ВАР системот.
Кеирош рекол дека и дуелот против Португалија покажал дека нема правда за „малите“ репрезентации.
Иран, синоќа, одигра 1:1 против Португалија и го заврши својот настап на Свестското првенство во Русија.
Иранскиот селектор најмногу замерки имал на судењето на Енрике Касерес кој на десет минути пред крајот не му покажа црвен картон на Роналдо.
„Реално е да ја застанеш играта, да ја погледнеш снимката и да го видиши удирањето. Според правилата удирање со лакт е црвен картон. Сепак тоа не е така кога од другата страна се Роналдо или Меси. Овде не се работи за судиите, туку за ставот, храброста и карактерот. Одлуките можат да бидат јасни за сите, на овој начин Инфантино и ВАР не се движат во вистинската насока“, рекол Кеирош по натпреварот.
„Бевме конкурентни играјќи против најдобрите светски екипи. Иран со ставот, дисциплината, контролата, заслужи да ја победи Португалија. Сепак, во фудбалот нема правда“, завршил иранскиот селектор.