Top Sport

Симеоне не се лути што Куртоа ќе брани за Реал

Одлуката на Тибо Куртоа да потпише договор со Реал Мадрид не беше начекана најдобро од фановите на Челси и Атлетико Мадрид, кои сметаа дека Белгиецот не ги почитувал своите поранешни клубови. Но, тоа мислење не го дели тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Навивачите на Челси беа налутени од начинот на кој Куртоа замина, со „штрајк“ кај „сините“, а посебно беа налутени кога Куртоа го бакна грбот на Реал Мадрид на презентацијата и изјави дека „никогаш не го направил ова за друг клуб“. Од друга страна навивачите на Атлетико му „извадија“ старо видео во кое тој пее погрдно за мадридските ривали за кои сега ќе игра.

Симеоне е посмирен.

„Тој играше за нас и играше многу добро. Има свои мисли и идеи и мора да го почитуваме тоа. Јас секогаш се потсетувам на убавите работи со моите поранешни фудбалери. Тоа нема да се смени дури и со ова ривалство“, вели Аргентинецот.

Атлетико загуби со 1:0 од Интер во саботата во меч од Интернационалниот шампионски куп (ИЦЦ), но Симеоне верува во својот тим.

„Имаме добар тим, некои нови играчи кои ќе треба да се навикнат на играта со нас. Импресиониран сум од нивната работа и можеме да бидеме само подобри“, вели Чоло.

Пред пет години им порачал да се е… а денес го бакнува грбот

Scroll to Top