Top Sport

Кеита Балде ќе им помага на имигрантите во Каталонија

Фудбалерот на Монако, Кеита Балде вели дека ќе ја плати киријата на 200 сезонски работници кои останаа без покрив над глава во градот Леида во Каталонија, тврдејќи дека поради расизмот локалните хотели одбиле да помогнат.

25-годишниот Балде  е роден во Каталонија, но настапува за сенегалската фудбалска репрезентација, земја од каде се повеќето работници кои собираат овошје во областа на Леида.

„Тие спијат на улица, без храна, без ништо. Повеќето од нив работат 12 часа дневно без прекин поради корона вирусот. Повеќето се Сенегалци, така што сакав да помогнам и да направам нешто. Не сакам конфликти, туку решенија. Помогнав со храна, со сместување и облека. Сакав да го направам тоа анонимно, но морав да проговорам за да најдам место каде да се сместат“, напиша Балде на Инстаграм.

Балде, кој играше за Барселона во младинските тимови, пред да се пресели во Лацио, па во Монако, вели дека веќе пронашол сместување за 90 луѓе.

„Најдовме една локација, а сега бараме втора. Јас сум роден во Каталонија, играв за Барса, а потоа играв и во Италија и Франција и никогаш немав проблеми со расизмот. Ако работиме заедно ќе го направиме светот подобар“, додава Балде.

Scroll to Top