Top Sport

Консеисао: Ќе ми недостасуваат свирежите од противничките навивачи

Фудбалот без навивачи на трибините е исто како да јадеш салата без никаков прелив, вели тренерот на Порто, Сержо Консеисао.

Лидерите во португалската Примиера лига се враќаат во акција во среда, но сите мечеви во Португалија ќе се играат без гледачи. Порто имаат еден поен пред Бенфика и првиот меч го играат на гости кај Фамалисао.

„Ќе биде сосема поинаку да се игра без навивачи. Како да си без состојки да направиш добра салата. Салата без масло, оцет и сол не е иста, нели? Ќе одиме со иста желба за победа како да имаме полна поддршка. Мислам дека ќе ми недостасуваат и свирежите. Но, ќе мораме да ги почитуваме препораките“, вели Консеисао.

Тој вели дека ги оддржувал своите фудбалери во форма додека лигата била прекината и се надева дека ќе продолжат исто.

„Не сопревме, не отидовме на одмор, туку работевме напорно. Сега треба да докажеме дека сме најдобриот тим на теренот“, вели Консеисао.

Scroll to Top