Top Sport

„Кејн е играч на Тотенхем и точка“

Новиот тренер на Тотенхем, Нуно Есиприто Санто, рекол дека не се сомнева во верноста која Хари Кејн ја има кон клубот. Кејн, во финишот на сезоната најаваи заминување. Заинтересирани за него се двата клуба од Манчестер, Сити и Јунајтед.

Манчестер сити, имаат испратено понуда за Кејн. За најдобриот англиски напаѓач „граѓаните“ понудија 100 милиони фунти. Тотенхем ја одбија понудата.

Од друга страна, Јунајтед, барем според медиумите, нудат помалку пари и двајца играчи, Марсијал и Дони ван де Бек.

„Немам никави сомнежи во главата. На Хари му посакувам добро да се одмори. Кога ќе дојде овде, тој мора да се насочи на работата за да биде уште подобар. Ние сме амбициозни, сакаме добро да работиме, а во нашите планови е Хари. Хари е наш играч. Точка. Немам потреба да разговарам на некоја друга тема. Кога ќе се врати ќе разговараме. Очекувам да се појави на подготовките“, рекол новиот тренер на Тотенхем.

Кејн има уште три години од договорот со Тотенхем. Минатата сезона со 23 гола беше најдобар стрелец во Премиерлигата. Кејн досега во кариерата нема освоено ниту еден трофеј.

Scroll to Top