Top Sport

Марк по стапките на По Гасол – ќе завршува со кошарката во Барселона

Шпанскиот кошаркар Марк Гасол наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона, пишуваат денеска дел од медиумите во Шпанија.

Информациите се дека помладиот од браќата Гасол ги следи стапките на постариот – По Гасол и сака кариерата да ја заврши онаму каде што и започна.

Марк има 36 години, почна во Барселона, па играше за Џирона, пред во 2008 година да се пресели во НБА лигата.

Во најсилната кошаркарска светска лига настапуваше десет ипол сезони за тимот на Мемфис Гризлис, по што беше трејдуван во Торонто. Со Репторси го освои својот единствен шампионски прстен во елитното друштво.

По титулата одигра уште една сезона во Торонто, па изминатава сезона ја одигра во Лос Анџелес, за тимот на Лејкерси.

Во репрезентативната кариера има многу трофеи.

На ОИ има две сребра, на СП две злата, додека на ЕП собра две златни, една сребрена и две бронзени медали.

Scroll to Top