Top Sport

Кејлор Навас платил 220.000 долари за да се врати дома

„ЕСПН“ тврди дека 33-годишниот голман на Пари Сен-Жермен, Кејлор Навас се вратил во својата татковина Костарика во патување од Париз кое го чинело екстремно скапо.

Пред него и другите ѕвезди на ПСЖ, како Нејмар, Тијаго Силва и Единсон Кавани се вратија во своите татковини, а Навас, конечно, успеал да избега од блокираниот Париз на 27 март со приватен авион, за што платил фантастични 220.000 долари.

Според правилата, Навас и неговото семејство ќе мораат да поминат 14-дневен карантин при пристигнувањето во Костарика.

Scroll to Top