Top Sport

Родик: Новак може да ги помине Федерер и Надал

Новак Ѓоковиќ во својата кариера освои 17 гренд слема, 34 Мастерс 1000 турнири и 5 АТП финалиња, и тоа во ера во која играа две тениски легенди Роџер Федерер и Рафаел Надал, и Енди Родик смета дека тоа покажува дека Србинот лесно ќе ги помине достигнувањата на двајцата ривали.

Српскиот шампион веќе има позитивен скор против двајцата – 27-23 против Федерер и 29-26 против Надал. Родик, кој додека беше активен тенисер имаше незгоден однос со Србинот признавајќи дека еднаш бил блиску до тепачка, сега вели дека Новак уште не е најдобриот, но дека наскоро може да биде тоа.

„За мене најдобри во историјата во моментов се Роџер Федерер и Серена Вилијамс. Но, ако Новак Ѓоковиќ некако успее да стигне до момент во кој ќе биде израмнет со гренд слем титули со Роџер и Рафа, тогаш ќе се гледа директниот меѓусебен дуел и Мастерс титулите. Фактот е дека тој има подобар скор од нив и ќе биде тешко да се каже дека не е најдобриот“, вели Родик.

Scroll to Top