Top Sport

Кејн губи трпение со Тотенхем, сака трансфер во Јунајтед?

Откако стана е јасно дека Тотенхем ќе доживее целосна „реконструкција“ под Жозе Мурињо, нивната прва ѕвезда Хери Кејн не е подготвен за чекање и е отворен за трансфер во Манчестер јунајтед, тврди обично добро информираниот портал „Гол“.

Според нивните извори Кејн не сака уште да чека за градење на силен Тотенхем кој би бил предизвикувач за Премиер лигата, а доколку тимот не успее да се квалификува за Лигата на шампиони следната сезона, ситуацијата ќе биде уште појасна. Изворите блиски до Кејн првпат отворено зборуваат за можен трансфер на „Олд Трафорд“, секако, доколку извршниот потпретседател Ед Вудворд и клубот се подготвени да ја платат цената.

Кејн потпиша нов договор со клубот од северен Лондон летото 2018 година и тој трае до 2024, така што претседателот на клубот, Даниел Леви ќе може добро да заработи за својот напаѓач, кој сака да ја заврши својата кариера барем со еден голем трофеј по поразот во финалето на ЛШ од Ливерпул минатата сезона.

26-годишниот Кејн, кој има постигнато 181 гол за Тотенхем, во моментов е надвор од терените со повреда на бутниот мускул и најверојатно нема да се врати до крајот на сезоната. Тотенхем го загубија Кристијан Ериксен (Интер) и иако ги донесоа Стивен Бергвајн и Џовани Ло Селсо, останува нејасно колку клубот ќе троши на пазарот на играчи оваа година, бидејќи долгот од изградбата на новиот стадион може да значи Мурињо да има само 50 милиони фунти достапно во текот на летото.

Scroll to Top