Капитенот на Англија Хари Кејн и централниот дефанзивец Хари Мегваер ќе му бидат на располагање на Герет Саутгејт за второто коло на Светското првенство.
Напаѓачот на Тотенхем заработи повреда на зглобот при победата над Иран од 6:2 и многумина на Островот беа загрижени дека ќе го пропушти натпреварот против САД. Кејн, сепак, веќе тренира и може да игра.
Мегваер седна на тревата по првиот гол на Иран, се шпекулираше дека добил потрес на мозокот. Саутгејт денеска откри дека капитенот на Манчестер јунајтед бил болен и дека поради тоа не се чувствувал добро.
„Хари Кејн е добро. Понекогаш тренира одвоено од групата, но се е во ред за петок навечер. Вчера помина низ скенерот за да се увери дека се е во ред. На Хари Мегваер му се слоши и поради тоа го повлеков од теренот. Во тој момент бевме загрижени дека може да има потрес на мозокот, но внимателно беше прегледан и немаше ништо слично. Тој е во добра форма“, изјави Саутгејт за Би-би-си.