Top Sport

Кејн и Сон незадржливи за „топчиите“

Тотенхем го совлада Арсенал со 3:0 во лондонската пресметка и се доближи само на бод до четвртото место на табелата во пресрет на последните две кола во Премиерлигата. Засега „топчиите“ се на позицијата која последна носи пласман во ЛШ, но тимот на Антонио Конте со овој триумф ја врати надежта.

Хари Кејн од пенал донесе предност за Тотенхем во 22.минута, а до крајот на полувремето погоди и вторпат. Работата за домаќинот ја олесни Роб Холдинг кој дби црвен картон во 33.минута.

На почетокот на вториот дел, Хјонг – Мин Сон постигна трет гол за Тотенхем и беше јасно дека победникот е решен.

Scroll to Top