Еден од најдобрите класични напаѓачи на денешницата, Хери Кејн вели дека е неопходно Тотенхем да ги има истите амбиции како него и да продолжи да се подобрува за да остане во клубот.
„Секогаш сум велел дека сè додека клубот оди во вистинска насока и ја покажува вистинската амбиција, сакам да бидам дел од тој пат“, вели Кејн во интервју за „ЕСПН“.
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви вети дека новиот стадион нема да застане на пат на новите засилувања на клубот, откако во последните два преодни рока клубот не купи ниту еден фудбалер, а Кејн додава дека клубот мора да направи повеќе за да ја освои првата титула од 2008 година.
„Тоа е нешто што ќе гледаме како се развива. Многумина велат дека ова е можеби најдобриот тим кој сме го имале и дека го имаме најдобриот менаџер, но мораме да покажеме нешто повеќе. Не сакам за 10 години да велат, тие имаа добар тим, туку да кажат видете што освоија“, вели Кејн.
Кејн, но и тренерот на клубот Маурисио Почетино, подолго време се поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид, но и Манчестер јунајтед.