Top Sport

Кејн решил каде ќе игра по СП

Во екот на Светското првенство, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, донесе одлука за својата иднина.

Кејн е фудбалер на Баерн, но во овој преоден рок медиумите го поврзуваат со Манчестер Јунајтед и Барселона.

Капитенот на Англија има договор со Баварците до јуни наредната година. Германските медиуми тврдат дека Кејн им соопштил на челниците на Баерн дека ќе остане во клубот. Баерн за англискиот напаѓач подготвил договор до јуни 2029 година.

Кејн игра неверојатно откако во 2023 година од Тотенхем пристигна во Минхен. На 147 натпревари за Баерн постигна 146 голови.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');