Top Sport

Реал повторно ќе тргне по Де Хеа

Мадридски Реал го обновил интересот за голманот на Шпанија и Манчестер јунајтед, Давид де Хеа.

Голманот на Јунајтед неколку сезони за поврзува со трансфер во Реал, во август 2015 година трансферот и беше завршен откако клубовите ги договорија деталите, но поради административна грешка Де Хеа остана на „Олд Трафорд“.

Шпанските медиуми тврдат дека за голманот кој е роден во Мадрид и кој кариерата ја почна во Атлетико Реал е подготвен да издвои 70 милиони евра.

Доколку клубовите постигнат договор тогаш Де Хеа ќе стане најскапиот голман на сите времиња, односно Реал ќе го сруши рекордот на Манчестер Сити кој летово за голманот Едерсон на бенфика и плати 39 милиони евра.

Де Хеа дресот на Манчестер јунајтед го носи веќе шест години.

Scroll to Top