Top Sport

Кемпбел ја одведе Костарика на мундијалот

Фудбалската репрезентација на Костарика доби виза за Светското првенство во Катар откако во бараж – натпреварот во Доха го совлада Нов Зеланд со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за Костариканците беше Жоел Кемпбел, поранешниот фудбалер на Арсенал.

Тој уште во третата минута успеа да донесе предност за својата селекција, а тоа на крајот беше и решавачки момент за пласман на мундијалот.

Scroll to Top