Top Sport

Погба потпишал за Јувентус, официјалната промоција следниот месец

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, потпиша четиригодишен договор со Јувентус и се враќа во Торино, тврдат италијанските медиуми. Сепак, зделката официјално нема да биде објавена до почетокот на следниот месец.

Погба формално се уште е дел од Манчестер Јунајтед до крајот на јуни, по што станува слободен агент. Тогаш ќе биде активиран договорот со Јувентус.

Пред два дена се појавија информации дека Пари Сен Жермен во последен момент се обидува да го доведе францускиот репрезентативец на „Паркот на принцовите“, но, сепак, Јувентус веќе ја завршил работата.

Scroll to Top