Top Sport

Кепа ќе отсуствува неколку недели

Повредата со која се здоби на загревањето пред натпреварот со Брага, во Лигата на шампионите, ќе го оддалечи од теренот голманот на Реал, Кепа Аризабалага, две до три недели. Шпанскиот голман го повреди адукторот.

Аризабалага пристигна во Реал во средината на август, како играч на Челзи на едногодишна позајмица. Тој дојде во Мадрид да го замени Белгиецот Тибо Куртоа, кој поради повреда нема да брани до крајот на сезоната.

Се очекува во следните натпревари ќе го чува голот на Реал. Синоќа му одбрани пенал на Џало во шестата минута.

Сезонава бранеше на натпреварите против Атлетик Билбао (2:0), Алмерија (3:1) и на вчерашниот натпревар против Брага (3:0).

Scroll to Top