Top Sport

Керик си замина од Манчестер јунајтед

Мајкл Керик, по победата над Арсенал (3:2), поднел оставка на функцијата во Манчестер јунајтед. Керик, беше назначен за привремен менаџер, кога Оле Гунар Солскјер доби отказ.

Керик реши да го напушти клубот и покрај тоа што имал понуда да остане и да му биде помошник на Ралф Рангник.

„Времето што го минав во овој голем клуб секогаш ќе го сметан за најдобра период во мојата кариера. Кога пред повеќе од 15 години потпишав договор, ниту во најлудите сништа не можев да замислам дека ќе освојам толку многу трофеи. Никогаш нема да ги заборавам фантастичните моменти кои ги доживеав како играч, а потоа и како тренер. Многу размислував, на крајот решив дека сега е вистинското време да го напуштам клубот“, рекол Керик и дополнил.

„Секогаш ќе бидам навивач на Манчестер јунајтед, ќе доаѓам да ги гледам натпреварите. Би сакал да им посакам среќа на Ралф и неговиот персонал. Се радувам што ќе ги поддржувам овие момци како навивач од трибините“.

Керик, во периодот 2006-2018 за Јунајтед одиграл 464 натпревари, освоил пет титули во Премиер лигата, две во ФА и Лига купот и по една во Лигата на шампионите, Лига Европа и Светското клупско првенство.

По завршувањето на кариерата во 2018 година се приклучи на стручниот штаб на Жозе Мурињо, а потоа му беше асистент и на Оле Гунар Солскјер.

Scroll to Top