Top Sport

Атлетико Минеиро ја освоија титулата во Бразил

Фудбалерите на Атлетико Минеиро ја обезбедија шампионската титула во бразилскиот шампионат. На три кола до крајот на првенството, Атлетико, стекнаа недостижна предност во однос на конкурентите. Атлетико ја освоија втората титула во клупската историја, до првата стигнаа пред точно 50 години.

Титулата, Атлетико Минеиро, ја обебзедија со победата над Баија (3:2).

Одличниот натпревар на „Фонтенова“ стадионот, во Баија, беше решен во последните 30 минути. Баија со два гола за само четири минути, во 62. и 66.минута, Луис Отавио и Жилберто го совладаа голманот на Атлетико.

Гостите имаа одговор, возвратија со три гола за само пет минути. Хулк во 73 минута намали од пенал, минута подоцна израмни Кено, а истиот играч со својот втор гол им ја донесе победата и шампионската титула на Атлетико.

Scroll to Top