Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Рој Керол признава дека поминал низ тежок период додека бил дел од „црвените ѓаволи“, во периодот од 2001 до 2005 година.
„Бев во депресија, ги правев истите работи секој ден, па се најдов во „мала дупка“. Бев повреден и не одев на тренинг, па ми рекоа да земам 2 месеци слободни. Тогаш фатив рутина, станував во 10, почнував да пијам и пиев цел ден. Сопругата и децата доаѓаа, бев толку многу депресивен што не гледав ништо. Беше тоа грозно чувство“ рече Керол.
Тој за медиумите на Островот признава дека морал да се лекува затоа што ситуацијата била многу сериозна.
„Мојата сопруга знаеше дека сум во лоша состојба и затоа отидов на лекување. Јас не бев ни свесен колку сум лош во тие моменти. Не сакав да се лекувам, се спротивставува. Сепак отидов, но во себе си велев дека никогаш нема да се откажам од пиењето. Во клиника бев 6 дена, по тоа не пиев цела недела, а за тоа време новинарите беа постојано пред мојата куќа. По една недела престанаа да доаѓаат, а јас продолжив со пиењето. И така едно утро се разбудив разведен и морав да се иселам од семејниот дом“ вели Керол.
Потоа објаснува дека отишол кај сопругата да побара прошка, но безуспешно. Вели дека оттогаш не пие, точно 9 години и 11 месеци.
Освен за Јунајтед, Керол во кариерата бранеше и за Олимпијакос, Хал, Виган, Вест Хем и Дерби.
Голот на Северна Ирска го чуваше на 45 меча.