Top Sport

Кеси намерно промашил во пенал-серијата (Видео)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Милан, во пријателски натпревар, откако беа изведени 26 пенали. По мечот во центарот на вниманието бил играчот на Милан, Френк Кеси, чии удар во 26.серија заврши високо над голот.

Јавноста смета дека играчот од Брегот на Слоновата коска, намерно го промашил пеналот само за да стави крај на пенал-серијата.

Сомнежите се зголемија откако се појави снимка на која се гледа како менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, се смее додека разговара со Кеси.

Scroll to Top