Top Sport

Тд’Ф: Прва победа во кариерата на Демар

Францускиот велосипедист Арно Демар победи на 18.етапа на „Тур д’Франс“ и ја забележа првата победа на елитните трки во кариерата. Демар беше најбрз на етапата долга 171 километар од Три сур Биаз до По.

Францускиот велосипедист до победата дојде во групниот спринт, а во целта влезе пред сонародникот Кристоф Лапорт.

foto: epa

18.етапа не донесе промени во генералниот пласман, каде лидер е Џеран Томас со една минута и 59 секунди предност пред Холанѓанецот Томас Думолин. Трет е Крис Фрум, а на четвртата позиција се наоѓа Примож Роглиќ.

Утре на програмата е клучната етапа долга 200,5 километри од Лурд до Лауранс.

Scroll to Top