Франк Кеси од наредната сезона ќе игра во дресот на Барселона. Новинарот, Жерард Ромеро, тврди дека двете страни постигнале договор, играчот на Милан да се пресели на „Ноу Камп“.
Барселона бесплатно ќе го добие репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска. Договорот на кеси со Милан истекува на 30.јуни, а од претходно беше познато дека нема намера да го продолжи.
Кеси, според италијанските медиуми од Милан барал плата од 9.000.000 евра по сезона, за Барса ќе игра за годишна плата од 6.500.000 евра.
Покрај Кеси, во Барселона без оштет ќе пристигне и Андреас Кристенсен од Челси.